Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето-платa по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари.
Според нивни податоци, највисоката нето плата е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 73.540 денари, а потоа следат Останати стручни, научни и технички дејности – 49.352 денари.
Потоа е и Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препрати – 47.933 денари, па Воздухопловен транспорт – 45.656 денари и Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 44.995 денари.