Автобус кој пренесувал ученици и наставници на екскурзија во планински дел од Непал, се превртил во голема провалија при што загинаа 23 патници, соопштуваат од тамошната полиција.
Учениците биле на возраст од 16 до 20 години, а во несреќата меѓу другите загинале возачот и двајца наставници.
Во автобусот се наоѓале 37 патници, од кои 22 загинале на лице место, а еден од патниците подоцна им подлегнал на повредите. Во несреќата повредени се 14 луѓе.
Пред една недела во планински дел на Непал, во слична несреќа загинаа 20 лица.