Свет

Со калашников пукал во ресторан во центарот на Брисел

Непознат напаѓач денеска нешто пред 11 часот во белгискиот главен град Брисел, отворил оган од пушка Калашников во ресторан.

Напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот, а полицијата потврди дека во прозорецот на ресторанот се пронајдени три куршуми.

Британскиот „Мирор“ јавува дека пукањето се случило на една од главните улици во центарот на Брисел, а метата била ресторанот „Ла Паризиен ливинг рум“.

Засега не е познато кои се мотивите на напаѓачот, и дали и колку луѓе имало во ресторанот кога се случил инцидентот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни