Македонија

Лефков најави пријава против Фрчковски: Со оваа Влада нема играчки

Лефков најави пријава против Фрчковски: Со оваа Влада нема играчки

Јавната преписка меѓу Јон Фрчковски и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, добива нова епизода со меѓусебни предизвици и тешки обвинувања околу користењето наркотици.

Денеска Лефков најави кривична пријава до ОЈО ГОГ против Јон Фрчковски и н.н лица, а истата ќе ја достави и до архивата.

„Барам надлежните институции да утврдат што на навистина стои зад јавно објавените фотографии и твојата изјава „Си пробал? Те сликале“.

Со пријавата, барам да се испита евентуалното постоење на дејствија опфатени со членовите 215 и 216 од Кривичниот законик, како и дали постојат основи за примена на членот 364, непријавување кривично дело од тебе или од твои блиски. А за твоите клевети Јон. Категорично. Немам слабост ниту кон алкохол, ниту кон наркотици. Никогаш не сум користел наркотични средства и тоа е факт. А мојот најважен тест се моето семејство и моите пријатели. Ако мислиш дека сум направил кривично дело, повели, пријави ме.

Јон, има суштинска разлика помеѓу мене и тебе. Јас за моите зборови и постапки стојам јавно и одговорно. И токму тоа очигледно ви пречи. Ти и оние малкумина кои застанавте околу Филипче се искршивте плукајќи и клеветејќи, мислејќи дека така ќе се вратите на власт и ќе продолжите да користите наркотици по канцеларии. Тоа нема да ви го дозволи народот Јон, не јас. А ти, од друга страна, со своите постапки самиот се компромитираш. И наместо да дадеш одговори, продолжуваш со истото. Си пробал? Те сликале. Тоа не се мои зборови. Тоа се твои зборови. Затоа, Јон, да знаеш, вистинскиот предизвик се институциите.

И да бидам јасен, за крај, со оваа Влада нема играчки. Ако институциите утврдат дека има кривично дело и одговорни лица, ќе има одговорност пред закон. А по твоите настапи, виде, Јон, гледам дека дилерите се ретчат.Јон  доаѓа тешко време за оние што живеат со и од пороците. Од денес, за мене ова не е фејсбук тема. Од денес, ова е тема за институциите“, вели Лефков.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни