Орце Камчев излегува од притвор, кривичниот совет на Апелација одлучи да ја прифати гаранцијата од скоро 11 милиони евра, а судот ќе му го задржи пасошот на Камчев, пишува „А1он“.
Според Апелација, сега ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотека, по што Камчев ќе се брани од слобода во случајот „Плацови на Водно“, но, нему му се одредени други мерки на претпазливост.