Независната советничка група во Советот на Општина Битола „Поинаку“ ден по земјотресот со епицентар во соседна Грција побараа претставници од Владата да дојдат во Битола за да извршат увид во штетите.
„Макеоднија не е само Скопје“, рече претседателката на Советот Габриела Илиевска од Поинаку.
Таа потенцираше дека Владата има во буџетот предвидено средства за вакви природни катастрофи и треба да се помогне сега на семејствата и институциите во Битола кои настрадаа по силниот земјотрес.
Денес во Битола доаѓаат претставници на Владата на средба со градоначалникот, претседателката, како и пратениците од Битола. Владините претставници ќе ги добијат сите информирации за состојбата на терен, како и за активностите кои се преземени во претходните денови, ќе разговараме и за понатамошните постапки и начинот на кој заедно можеме да помогнеме на битолчани.