Во неделата која е веќе позади над, бројот на активни случаи со коронавирус во Македонија се зголемил за 52% покажуваат податоците кои секојдневно ги дистрибуираат од Институтот за јавно здравје.
Според тие податоци, бројот на хоспитализирани лица исто така бележи рапиден раст од 40,96%.
Процентот пак на заразени од тестирани изнесува 23,85%.
Од утре во земјава ќе има нов Министер за здравство од редовите на Алтернатива.
Се очекува новиот министер да одржи прес конференција по назначувањето и да информира дали ќе преземе нови мерки.