Ден по изборот на нов претседател на Европскиот парламент, претседателот Емануел Макрон од говорницата на Европскиот парламент ќе ги претстави амбициите на француското претседателство за следните 6 месеци.
И за време на санитарната криза, кога на седницата од далечина учествуваа голем број европратеници, од вчера десетици претставници на медиумите од цела Европа се борат за место во ЕП.
Иако неофицијално се знае, дебатите денеска често ќе бидат провокативни. Од 705 европратеници од 27 националности, ќе се слушаат главно Французи.
Но, не во поддршка, туку против францускиот претседател, кој ќе застане пред собраниската говорница за да ги претстави амбициите на француското претседателство.
Не е тајна дека неколку политички сили во ЕП приоритет ќе им дадат на говорите на нивните француски претставници, кои во сопствената земја се во опозиција на актуелниот претседател и евентуално кандидат за следниот мандат.
Главните теми за Емануел Макрон ќе бидат пристојната минимална плата за ЕУ, климатските амбиции на Европа и реформите во Шенген.
Макрон нема да може да смета на поддршка од европратеничката Урсула фон дер Лајен. Се испостави дека била во контакт со пациент со коронавирус и морала да се врати во Брисел.