Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.
Министерството за образование и наука информира дека од денес до 31 јануари повторно е достапна можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право до сега. Оваа можност е достапна секој месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот.