Не 2500, туку над 10.000 е бројот на новозаразени секој ден, вели професорот д-р Никола Пановски во изјава за Сител телевизија.
„Тоа е сепак индивидуално кој како ќе се однесува, морам да кажам дека на овој број не може да се следи епидемиолошката состојба, ни да се контролира кој ги почитува мерките. Бројот е огромен и не се 2500 дневно, кај нас е сигурно е 10.000 дневно“, изјави професорот Никола Пановски, професор по микробиологија
Во најголемиот Ковид бран со ограничен број тестови и термини за лаборатории луѓето се оставени сами да се снаоѓаат.
Во однос на одлуката вакцинираните и прележаните до 6 месеци да не одат во карантин доколку имаат контакт со позитивен, професорот Пановски е категоричен дека во сегашната ситуација со толку голема распространетост на Омикрон ирелевантно е да се зборува за сертификати кога и вакцинирани и прележани го шират вирусот.
„Нема никаков ефект сертификатот во оваа ситуација. Мислам и на ниво на цел свет треба да се укинат тие сертификати“, додава Пановски во изјава за Сител.