Bo затворот во Идризово, по влошена здравствена состојба почина Реџаил Ќерими од село Опаје кој 13 години се обидуваше да докаже дека е невин во случајот „Алфа“.
„Не знам што се случило вчера, по 12 часот ми се јавија и ми рекоа дека се онесвестил и дека е испратен во болница. 10-15 минути пред да ми се јават, тој зборувал со сопругата, сестрата и братот и со 4-5 лица и за пола саат му се променила здравствената состојба“, вели Јетула Ќерими роднина на Реџаил Ќерими за ТВ21.
Смртта на Реџаил Ќерими предизвика реакција кај албанските опозициски партии. Алијанса за Албанците преку нивниот лидер Зиадин Села, оцени дека смртта на Ќерими е трагедија која доаѓа како резултат на неправдата, додека случајот „Алфа“ ќе остане еден од најеклатантните монтирани политички случаи против Албанците. Од друга страна, Движењето Беса оценува дека смртта на Реџаил Ќерими е смрт за правда во државава, а смрт за оние кои долги години не успеаја да го решат случајот.
Починатиот пред 2 недели преку видео обраќање побара правда.
Бараме целосно расветлување на случајот бидејќи ги имаат сите докази кои ги бараа за да се потврди нашата невиност. Бараме од судијата да го види видеото од убиството и сè ќе излезе на површина, рече Ќерими на 9 јануари.
Пресудата за овој случај беше донесена во април 2010 година. A настанот се случи на 26-ти ноември 2018 година на паркингот на ПМФ при што беше убиен еден полицаец, а двајца повредени.