Хипертензијата се смета за тивок убиец, а од неа страдаат голем број Македонци.
Зголемените вредности на притисокот негативно влијаат на сите органи, а први на удар се мозокот и срцето.
Доколку имате висок крвен притисок, многу е важно да одите навреме на лекар, за да добиете соодветна терапија. Земањето лекови препишани од вашиот лекар е најдобриот начин да се држи под контрола високиот крвен притисок , а луѓето често користат природни препарати за оваа намена.
Така, билните чаеви и тинктури станаа незаменлив дел од терапијата за оние кои боледуваат од хипертензија, а ние ви пренесуваме еден од рецептите што се користи со години.
За оваа тинктура ви треба половина литар алкохол (96%) во кој треба да ставите 5 лажици цвет од глог.
Шишето треба да биде добро затворено, да се протресува еднаш дневно и да се исцеди по 10 дена.
Од вака добиената смеса земајте 20 капки еднаш дневно со малку вода.
Освен за висок крвен притисок, овој лек е добар и за смирување на срцето, како и за несоница, а за таа цел треба да пиете 40 капки навечер пред спиење, исто така разредени со малку вода.