Бројот на заразени со Ковид-19 за разлика од претходната недела е зголемен за 2.7 отсто. Најзастапена е старосната група над 60 години. Граѓаните не треба да се опуштаат и да ја забораваат опасноста од Ковид-19, бидејќи новиот сој Омикрон не е толку лесен колку што се вели. Вака го опиша новиот сој инфектологот Илир Демири, кој додаде дека се зголемува бројот на пациенти кои бараат хоспитализација.
„За една недела починале 148 пациенти. Зборувајќи за искуството на Инфективната клиника, Демири вели дека нема смртни случаи кај пациенти кои се вакцинирани и тие кои немаат немаат други болести освен коронавирусот“, вели Демири.
Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува многу висок број на лица кои повторно се заразиле. Минатата недела 1.558 граѓани се заразени по втор пат со корона вирусот, а 17 по трет пат.
Инаку, ова беше првата прес-конференција на новиот состав на Комисијата за заразни болести. За претседател на оваа комисија е избран д-р Александар Петличковски, кој доаѓа на местото на епидемиологот Караџовски, а портпарол од денеска е д-р Злате Мехмедовиќ. На комисијата и се приклучија неколку нови членови.