Македонија

Викендов сончево со мала до умерена облачност, во понеделник дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утре во текот на ноќта во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег.

Како што соопштија од УХМР, за време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Температурите ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер. Во понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни