Бугарската националистичка партија ВМРО-БНД на вонреден конгрес избира ново раководство.
Актуелниот претседател Красимир Каракачанов поднесе оставка поради лошиот изборен резултат на партијата на последното гласање.
Се очекува да се избере нова структура со тројца копретседавачи, меѓу кои Ангел Џамбазки, Искрен Веселинов и Александар Сиди.
Лидерот во оставка истакна дека ВМРО во последните години имала подеми и падови, посочувајќи на изборот на нивни европратеници.