Македонија

Скопјанец починал во Поликлиниката Бит Пазар

Скопјанец починал во Поликлиниката Бит Пазар

Смртта на 70-годишен жител на Скопје била констатирана во Поликлиниката Бит Пазар, откако случајот бил пријавен во полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 11 ноември 2026 година, околу 13:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката Бит Пазар починал Ѓ.С. (70) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, по што бил извршен увид. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни