Свет

САД ги повлекуваат речиси сите свои војници од Украина

САД ги повлекуваат речиси сите свои војници од Украина

Американските власти наредија повлекување на 160 војници кои таму ги обучуваа силите од Украина, изјави денеска портпаролот на Пентагон Џон Кирби, додавајќи дека тие војници ќе бидат префрлени на друго место во Европа.

Војниците се дел од Националната гарда на Флорида, а одлуката е донесена како мерка на претпазливост, имајќи ја предвид безбедноста на војниците.

Вашингтон во петокот рече дека руската инвазија на Украина може да се случи „во секое време“.

„Овој трансфер на војници не ја менува нашата решеност да ги поддржиме украинските сили“, додаде портпаролот на американското Министерство за одбрана.

Од 2015 година, американските војници ја обучуваат украинската армија заедно со војници од други земји на НАТО, вклучувајќи ги Канада и Германија.

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен (Ентони) изјави дека дипломатскиот пат за решавање на кризата останува отворен, но додаде дека тоа бара смирување на тензиите од руска страна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни