Балкан

ВИДЕО: Изби пожар на траект што пловел од Грција кон Италија со над 250 патници

ВИДЕО: Изби пожар на траект што пловел од Грција кон Италија со над 250 патници

Пожар избувнал на траект додека пловел во близина на грчкиот остров Крф, а тргнал од Грција кон Италија со околу 230 патници и 50 членови на екипажот, кои го напуштиле бродот и се евакуирале во чамците за спасување.

Според грчките медиуми, во акцијата за спасување вклучени се бродови на грчката и италијанската крајбрежна служба, но и бродови и фрегата што се во близина, кои ги преземаат патниците.

Откако избил пожарот, капетанот побарал од патниците да го напуштат траектот.

„Капетанот на бродот Еурофери Олимпија ги замоли патниците да го напуштат бродот, а на самото место се испратени три патролни чамци и три шлепери на крајбрежната стража“, наведе полицијата.

Грчкиот државен секретар за трговската морнарица, Костас Кацафадос, за грчкото радио „Скаи“ потврди дека сите патници се безбедни и се качени во чамци за спасување.

Засега не се познати причините за пожарот, а отворена е истрага, соопшти грчката крајбрежна стража.

Траектот „Euroferry Olympia“ плови под италијанско знаме и од Игуменица тргнал за Бриндези.

https://youtube.com/watch?v=NU-eLaSpJ3Q
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни