Свет

Плажите во Сиднеј повторно отворени – во тек потрага по ајкулата која уби турист

Плажите во Сиднеј повторно отворени – во тек потрага по ајкулата која уби турист

Плажите повторно се отворени во Сиднеј, Австралија, два дена откако британски турист беше убиен во напад на ајкула, прв во земјата по 59 години.

Да потсетиме, Симон Нелиста (35) загина по напад од ајкула во источен Сиднеј во средата.

Според Би-Би-Си, иако плажите се отворени, традиционалната хуманитарна пливачка трка, која требаше да се одржи в недела, е откажана.

Властите започнаа потрага по ајкулата, за која велат дека е бела и долга околу три метри. Потоа на капачите им беше забрането да влезат во водата.

Настанот го шокираше локалното население во Сиднеј, бидејќи нападите на ајкули не се вообичаени.

Градските служби поставија мрежи и слични средства за одвраќање во водата за да спречат напади.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни