Македонија

Луксуз или семејна традиција: Колку чини еден ресторански ручек за четиричлено семејство?

Луксуз или семејна традиција: Колку чини еден ресторански ручек за четиричлено семејство?

Излегувањето на ручек или вечера во ресторан за многу семејства некогаш беше вообичаена викенд-навика. Денес, за четиричлено семејство, едноставната идеја да се поминат два часа подалеку од кујната сè повеќе станува задоволство што внимателно се планира во домашниот буџет.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика го потврдуваат она што граѓаните секојдневно го чувствуваат по нивниот џеб: цените на угостителските услуги во септември 2026 година бележат раст од 3,8% во споредба со истиот месец минатата година. Трендот на поскапување е континуиран — во периодот јануари – септември 2026 година цените се зголемени за 3,1% во споредба со истиот период лани, додека во однос на декември 2025 година скокот изнесува 1,5%.

Поскапи менија, но дали и подобра услуга?

Со секој нов ценовник на масите, кај гостите се отвора главното прашање: што всушност добиваат за своите пари?

Експертите и добри познавачи на туристичкиот сектор предупредуваат дека ако Македонија сака да се позиционира како атрактивна дестинација — како за домашните, така и за странските гости — акцентот мора подтно да се стави врз подигање на квалитетот.

Класичната понуда што со години не се менува повеќе не е доволна. Експертите советуваат:

  • Збогатување и модернизација на менијата: Вклучување на нови, креативни и автентични производи.
  • Подигање на нивото на услугата: Вложување во професионален кадар кој ќе понуди вистинско угостителско искуство.
  • Флексибилност за семејствата: Понуда на прилагодени семејни пакети или детски менија.

Од другата страна на масата се сопствениците на ресторани и кафулиња. Голем дел од нив нагласуваат дека зголемувањето на цените не е резулат на желба за поголем профит, туку неопходност за опстанок.

Во услови кога основноте прехранбени артикли во маркетите и на зелените пазари постојано поскапуваат, угостителите тврдат дека е невозможно да работат со стари ценовници. Влезните трошоци за набавка на храна, струја и плати за персоналот диктираат нов ценовен стандард на кој мора да се прилагодат сите.

Останува отворено прашањето каде е границата. Дали рестораните ќе успеат да понудат доволно висок квалитет за да го оправдаат секој денар, или за голем дел од семејствата ресторанското мени ќе остане резервирано само за посебни поводи?

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни