Македонија

Две години од првиот случај на коронавирус во Македонија

Македонија денеска одбележува две години од првиот потврден случај на коронавирус во државата. Имено, пред две години на прес конференција тогашниот технички премиер Оливер Спасовски, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски истакнаа дека официјално има еден потврден случај на заразен од коронавирус во Македонија. Се работеше за педесет годишна жена која престојувала еден месец во Италија. Досега во Македонија се направени вкупно 1.883.560 тестирања на КОВИД-19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229. Бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни