Бектеши: Недостаток на храна никако нема да има
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес конференција посочи дека недостаток на храна никако нема да има.
Тој додаде и дека нема драстично поскапување на храната
„Драстично поскапување на прехранбените производи нема, напротив има намалување на цената на зеленчукот и овошјето“, изјави Бектеши.
Министерот уверува дека се вршат контроли, но повикува доколку граѓаните забележат поскапувања, истото да го пријават во Пазарниот инспекторат.
„До крајот на денот ќе се вратат цените како што е предвидено со закон“, рече Бектеши.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни