Македонија

Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21: Незаконско и неоправдано дејствие со умисла од страна на Русија против Украина

Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21: Незаконско и неоправдано дејствие со умисла од страна на Русија против Украина

ТВ21 најави дека вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ ексклузивно ќе гостува амбасадорната на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз. Емисијата започнува од од 21:30 часот на ТВ21.

„Бруталната руска агресија и активната војна во Украина. Осудата беше јасно и недвосмислено потенцирана, но исто така обезбедува и поддршка за украинскиот народ, како сите нас, со обезбедување на поддршка што им е неопходна во моментов“, вели Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз во ексклузивно интервју на ТВ21.

Амбасадорката вели дека мора да се осигуриме дека во даден момент некој ќе сноси одговорност за постапките на Русија.

„Од друга страна, Северна Македонија работи со нас во НАТО и билатерално, за одбрана на нашите интереси. Работиме во НАТО за да се осигуриме дека обврската по членот 5 е цврста и дека сме подготвени да се браниме од секакви понатамошни дејствија и дека сме подготвени како меѓународна заедница, да се соочиме со долгорочните последици од тоа што се случува. Повторно, ова е незаконско и неоправдано дејствие со умисла од страна на Русија против Украина“, додава Брнз за ТВ21.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни