Премиерот на Северна Македонија Стево Пендаровски во телевизиско интервју вечерва откри дека уште на 5-ти ноември минатата година од НАТО биле известени дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, не само на Донбас.
„Ќе ви дадам еден податок кој не е познат во јавноста за да сфатиме колку е битно што влеговме во НАТО. Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, ние како што сме овластени преку НАТО механизмите ги добивме на 5 ноември минатата година. Она што е запрепастувачки е тоа што беше предвидено во однос на времето на напад промашувањето беше само за 3 дена, пред четири месеци прогнозата, а во однос на обемот на операцијата дека ќе се напаѓа баш од овие три четири магистрални правци немаше никакво промашување. Тоа е огромен бенефит пред време да знаете да се позиционирате, рече претседателот Пендаровски.