Свет

Претседателот Зеленски им се обрати на демонстрантите против војната ширум Европа

Претседателот Зеленски им се обрати на демонстрантите против војната ширум Европа

Тој побара од големата толпа да не молчат за тоа што се случува во неговата земја
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика европските земји да ја поддржат борбата на неговата земја против руската воена инвазија, објави Асошиетед прес. Тој побара од големата толпа да не молчат за тоа што се случува во неговата земја.

Не го тргајте погледот од тоа, рече Зеленски. Дојдете и поддржете ја Украина колку што можете, додаде претседателот преку преведувач. Ако паднеме ние, ќе паднете и вие, предвидува Зеленски.

И ако победиме, а сигурен сум дека ќе победиме, тоа ќе биде победа на целиот демократски свет, тоа ќе биде победа на нашата слобода, победа на светлината над темнината, на слободата над ропството. И ако победиме, ќе процветаме исто како Европа. И Европа ќе напредува повеќе од кога било, рече Зеленски. Денеска сите сте Украинци, ви благодариме за тоа, заклучи претседателот на Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни