После две недели со проблеми со дрон кој го прекина авионскиот сообраќај на аеродромот „Гетвик“ во Лондон, сега истиот проблем го има и лондонскиот аеродром Хитроу.
Откако е виден дрон во близина на една од пистите, блокиран е сообраќајот на овој аеродром.
„Виден е дрон, и соработуваме со полицијата за да ја спречиме секоја закана. Сите летови се одложени како безбедносна мерка додека трае истрагата“, објавија од „Твитер“ профилот на аеродромот.
За сообраќај е затворена и северната железница во Лондон.
За истите случувања на аеродромот „Гетвик“, полицијата уапси две лица. Забраната за сообраќај тогаш им ги смени плановите на 140.000 патници, а аеродромот претрпе големи загуби.