Свет

Најмалку 11 ученици ранети во пукањето пред училиште во Турција, осомничениот приведен

Најмалку 11 ученици ранети во пукањето пред училиште во Турција, осомничениот приведен

Единаесет ученици се повредени во вооружен инцидент пред средно училиште во турскиот град Тургутлу, откако малолетник отворил оган, а потоа бил приведен од полицијата. Двајца од повредените ученици се здобиле со тешки повреди, соопштија турските власти.

Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време во Тургутлу, во провинцијата Маниса, во близина на Измир. На местото веднаш пристигнале полициски и спасувачки екипи, а пред училиштето се собрале загрижени родители.

Министерот за правда Акин Ѓурлек соопшти дека осомничениот малолетник бил брзо пронајден и приведен.

„Повредени се 11 ученици, од кои двајца се тешко“, напиша Ѓурлек на платформата „Икс“.

Во рамки на истрагата биле приведени и родителите и дедото на осомничениот. Властите истражуваат како оружјето употребено во нападот дошло до малолетникот, под какви услови било чувано и надгледувано, како и наводите за евентуално малтретирање пред инцидентот.

Турските медиуми објавија снимки од безбедносни камери на кои, како што наведуваат, се гледа осомничениот како се движи по улица со оружје кое наликува на пушка со долга цевка. На други снимки од местото на настанот се гледа полициска интервенција и приведување на осомниченото лице пред училиштето.

Полицијата и надлежните служби продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности околу нападот.

Поради инцидентот, Министерството за образование соопшти дека наставата во училиштето била прекината за тој ден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни