Здружението на Украинците во Македонија денеска одржаа втор протест во Скопје со кој искажуваат револт кон руската инвазија врз Украина, но и ги упатуваат нивните барања за итно стопирање на војната.
Тие побараа исто така да се воеде зона на забранети летови над Украина, со што би се „затворило“ целосно небото над Украина за секаков вид на објекти.
Пред неколку дена и претседателот на Украина Владимир Зеленски изрази незадоволство што таква одлука не беше донесена од страна на НАТО.
Ова е втор протест кој се одржува во Скопје. Првиот беше пред една недела со марш од плоштадот Македонија до Амбасадта на Русија во Скопје.