Македонија

Мицкоски најави голем проект – СДСМ: „Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски за кинеските автобуси?“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска најави голем проект, односно голема набавка на електрични автобуси како и фабрика во Скопје за нивно производство.

Од СДСМ се јавија со реакција во која запрашаа во кое својство и во чие име Мицкоски преговарал за набавка на автобуси за Град Скопје.

„Христијан Мицкоски треба да одговори во кое својство и во чие име најавува дека преговарал за нови автобуси за Град Скопје? Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски за кинеските автобуси? Или како Гордана Јанкуловски и Груевски за „она на М“? За сите овие криминални и корупцуски набавки има предмети пред судовите. Мицкоски може 100 дена да прави скапи отчети, може да глуми заменик градоначалник, но факт е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, за општините и не работат ништо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни