Македонија

На две бензиски во Битола веќе нема дизел

На две бензиски станици на излезот од Битола попладнево не може да се наточи нафта, јавува новинар на 4NEWS.mk

На бензиските станици инфромирааат дека утрово имало дизел, но попладнево нема бидејќи се потрошил.

На наше прашање, кога се очекува повторно да има, ни одговорија: в вторник.

Во текот на денот нашата редакција доби и неколку информации од граѓани дека и на одредени бензиски станици во Скопје се точи со ограничување или пак воопшто нема дизел.

„Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Северна Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите. Сите резерви и државни и оперативни се полни. Испораките се прават редовно. Нема простор за грижа и паника, граѓаните да не паѓаат на шпекулации, потенцира Бектеши, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши при посетата на трговскиот центар „Ист гејт мол“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни