Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, по новинарско прашање околу тоа дали се известени за руската листа на непријателство каде спаѓа и Македонија, истакна дека за тоа официјално не се информирани.
„Нашата позиција кон Руската Федерација во контекст на оваа агресија е јасно искажана, таа е јавно манифестирана и ние ќе се придружиме на сите одлуки на Европската Унија во осуда, но и во дефинирање на односот кој што ќе го имаме со Руската федерација, но тоа ќе го направиме во координација со ЕУ а не врз основа на билатерална одлука“, порача Османи.