Во Скопје и поголемите градови низ Македонија нема гориво, а граѓаните пред утрешното големо поскапување на цената на горивата формираа километарски колони.
Како што веќе информираше 4NEWS.mk веќе два дена дел од бензинските пумпи не точат дизел, бидејќи велат дека немаат, иако се обвинувани дека тоа намерно го прават за да профитираат откако цената од утре ќе биде многу повисока.
Доцна вечерва Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од утре цените поскапуваат.
| Стара цена | Нова цена | |
| Бензин | 84 денари | 89,5 денари |
| Бензин 98+ | 86 денари | 91,5 денари |
| Дизел | 75,5 денари | 85,5 денари |
Од „Макпетрол“ денеска информираа дека во наредните денови ќе се нормализира снабдувањето со нафта, а немало дизал бидејќи имале проблем со доставата од Грција.
Помалите бензински станици кои од вчера немаат дизел, денеска останаа затворени.