Македонија

Вооружени лица влегле во банка во Скопje – имало и пукање!

Вооружени лица влегле во банка во Скопje – имало и пукање!

Вооружен напад се случил денеска во банка во Скопје.

Според медиумите, три вооружени лица влегле во банката, при што имало и пукање.

„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, истакнале од МВР за ТВ21.

Според другите медиуми, засилено полициско присуство има во центарот на градот и се врши проверка на возила.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни