Минатата ноќ во 3.20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје се запалило патничко моторно возило Ауди со скопски регистарски ознаки, која е во сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.
Пожарот зафатил уште неколку моторни возила, меѓу кои биле и Пасат, Матиз и Нисан со скопски регистерски ознаки, сите во сопственост на Д. М. (53)
Полицијата врши увид и работи на расчистување на случајот.