Балкан

Се урнал украински дрон во Загреб?

Се урнал украински дрон во Загреб?

Се уште неидентификуван дрон се урна синоќа во Загреб. На местото на настанот биле пронајдени кратер и падобрани. Граѓаните се вознемирени, има низа теории за потеклото на леталото, јавува Н1.

Полицијата не дозволува никого да се доближи до местото на настанот, сите пристапни правци се целосно под контрола, очигледно е дека ништо не е препуштено на случајноста, јавуваат новинарите.

Врз основа на првите информации, се шпекулира за беспилотно летало, што отвора дополнителни прашања: за какво летало се работи и уште поважно, чие е?

Официјалните одговори се уште недостасуваат, а се сомнева дека се работи за украинско беспилотно летало Топољев 141, нагласува во извештајот репортерот на N1, потсетувајќи се на некои пишувања.

Репортерот на N1, Иван Христиќ, известува од местото на настанот, сумирајќи ги сите досега официјално објавени информации, како и некои теории за потеклото на леталото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни