Свет

Зошто НАТО не спроведува зона за забранети летови?

Зошто НАТО не спроведува зона за забранети летови?

Дописникот за безбедност на Би-Би-Си Френк Гарднер денеска соопшти зошто НАТО не воведува зона за забранети летови над Украина.

„Зоната на забранети летови звучи многу бенигно и одбранбено, но всушност вклучува офанзивна воена акција. За да го спроведете, треба да ги отстраните противничките системи за противвоздушна одбрана, одно треба да испукате проектили на копнените радарски станици управувани од Руси, убивајќи ги, а потоа треба да ги стрелате нивните пилоти од небото“, вели тој.

Гарднер додава дека тоа е почеток на Третата светска војна.

„Знам дека претседателот Зеленски го бараше тоа повторно и повторно, и многу луѓе не разбираат зошто тоа не се прави, но тоа би вклучило воздушни сили на НАТО да излезат на небо и да се борат со руските пилоти, а тоа е опасно“, додава тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни