Амбасадата на Руската Федерација во Хрватска денеска даде изјава по повод урнатиот дрон во Загреб,
Тие велат дека експерти сега вршат истражување за оваа ситуација, па затоа сите прашања за инцидентот мора да бидат упатени до нив, како и до Амбасадата на Украина во Хрватска бидејќи дронот е произведен на територијата на Украина.
„Руските сили немаат такви беспилотни летала во својот арсенал од 1991 година. Односно, од распадот на Советскиот Сојуз. Предлагаме да ги прашаме одговорните хрватски власти како и на кој начин можел слободно да лета низ територијата на соседните земји. Како резултат на неговиот пад, за среќа, нема цивилни жртви – жители на Загреб“ – соопштија од руската амбасада, пренесува Индекс.
И Северноатлантската алијанса кратко објави за дронот што се урна синоќа.
„Интегрираната воздушна и ракетна одбрана на НАТО ја следеше траекторијата на објектот кој на крајот се урна во Загреб. Хрватските власти најавија дека го истражуваат инцидентот“ – се наведува во реакцијата на НАТО, пишува Вечерњи лист.
Да потсетиме, авионот што се урна на загрепски Јарун во четвртокот навечер помина повеќе од 40 минути во унгарскиот воздушен простор и 7 минути во хрватскиот воздушен простор. Двете земји се членки на НАТО.