За само 50 дена покажавме дека можеме и умееме да се справиме со предизвиците, вели Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека живееме во време на огромна светска економска криза која е последица од војната во Украина.
„Економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот на настаните, но ние мора да бидеме подготвени и да планираме како ќе го премостиме овој бурен период. Пред 50 дена, кога ја преземав функцијата премиер, реков дека ова ќе биде кризна година полна со предизвици. Свесни за ризиците по економијата и животниот стандард ги насочивме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите“, посочи Ковачевски.
Тој вели дека единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да се заштити стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност.
„Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците. Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, го решивме проблемот со затоплување во Скопје, ги поддржавме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување на основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни“, порача Ковачевски.
https://www.youtube.com/watch?v=s6FWvV9K_KI
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни