Владата преку објава на Фејсбук се пофали дека има 100 илјади следбеници на социјалната мрежа Фјесбук. И тоа не е се, направена е и споредба дека во 2011 година имало 0, во 2017 година имало 13 илјади, а во 2022 година имало 100 илјади следбеници.
„Социјалните медиумски платформи како што е Фејсбук станаа едни од основните канали за секојдневно информирање на граѓаните. Влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување – 100.000 следбеници кои се приклучија да ги добиваат информациите за услугите и за работата на институциите директно од Фејсбук страницата на Владата“, пишува во објавата на Фејсбук.