Македонија

Ќе има судење за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Советот за оценка на обвинителен акт при Одделениот за гонење организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд, во целост го одобри обвинението за случајот „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот „Талир” за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски,  Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.

-Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир” за незаконско финансирање на правно лице – политичка партија, по одржана јавна седница во присуство на странките, донесе решение со кое обвинителниот акт го одобри во целост – соопшти Кривичниот суд.

-Што се однесува до вториот обвинителен акт за истиот предмет што се однесува на незаконска изградба, истиот веќе е распределен кај судија за оценка на обвинителен акт и по донесено решение, Судот навремено ќе ја информира јавноста- се наведува во соопштението.

СЈО во скопскиот Кривичен суд на 22 ноември минатата година, поднесе два обвинителни акта како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат како „Талир“. ЈО поднесе две обвиненија: Едниот за незаконско финансирање на правното лице – политичка партија, а вториот за незаконска изградба на зградата на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни