Во следните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата.
Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.
Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.