Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел денеска на прес конференција посочи дека местото на Македонија е во европското семејство.
„Моментот е сега, постојано комуницираме и проценуваме дека земјата е подготвена да започне преговори со Европската Унија“, порача Борел.
Тој додава дека не може да даде ветување, но порача дека прават се за да започнат пристапните преговори меѓу Македонија и Албанија со ЕУ бидејќи тоа е приоритет.