Македонија

Заев имаше над 50 советници, Ковачевски не ги „сака“, дел ќе ги распредели, други ќе брка

Поранешниот премиер Зоран Заев го советуваа над 50 советници, дел вработени во Владата, други пак времено ангажирани со договор на делот.

Новиот премиер, Димитар Ковачевски според наши извори во Влада не ги сака советниците на Заев. Па решен е да го намали нивниот број, на не повеќе од 12.

Според владините извори, сите ќе бидат реномирани професори, а дополнително двајца ќе има и советници од Германија.

Од активните над 50 советници, дел ќе бидат распоредени линиски, а дел ќе се вратат дома и ќе останат без работа.

Има и такви советници кои владиното советување им беше дополнителна работа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни