Македонија

ВИДЕО: Тепачка во КАМ маркет – купувач истепа касиер

ВИДЕО: Тепачка во КАМ маркет – купувач истепа касиер

Купувач физички нападнал касиер во КАМ маркет, затоа што му кажал да стави заштитна маска.

„На 15.03.2022 во 22.00 часот В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегол маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало“, информира МВР.

На видеото снимено со телефон кое го објави А1он се гледа како купувачот му се нафрла на вработениот, а неговите колешки се обидуваат да го оттргнат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни