Балкан

Обвинителството на Бугарија: Не сме известени, но не сме изолирани

Обвинителството на Бугарија: Не сме известени, но не сме изолирани

Обвинителството на Република Бугарија не е известено за никакви истражни дејствија против политичари, изјави за бТВ портпаролката на обвинителот Сиjка Милева во врска со акцијата во домот на Бојко Борисов и другите високи членови на ГЕРБ.

Таа истакна дека доколку навистина се работи за истрага за злоупотреба на европските фондови, медиумите треба да се обратат до Европското јавно обвинителство.

Дали државното обвинителство е изолирано? Според бугарската легислатива, кога се преземаат итните дејствија, во рок од 24 часа треба да биде известено обвинителството, доколку е надлежно за дадениот случај, одговори Милева.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни