Македонија

Бојан Јовановски: „Меѓународен сојуз” не доби ниту еден денар државни пари – „Поддршката од Владата ја имав од првиот ден“

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје во завршните зборови рече дека е горд што бил претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз”, која, како што нагласи, не добила ниту еден денар државни пари, туку финансирањето било од бизнис секторот. Јовановски изјави дека е горд на два потпишани договори, кои, според него, се општествено корисни и од капитално значење за државата. – Поддршката од Владата, од Зоран Заев како премиер, ја имав од првиот ден на формирањето на „Меѓународен сојуз“. Дека Зоран Заев бил информиран и дека знаел за активностите и проектот е неспорен факт. Во судот беа спомнувани 719.350 илјади евра и други цифри, а никаде не видовме некаков доказ, истакна Јовановски.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни