Македонија

Погребите поскапуваат за 500 денари, 50 денари повеќе и за водосвет – поскапеа црковните услуги

Погребите поскапуваат за 500 денари, 50 денари повеќе и за водосвет – поскапеа црковните услуги

Нормално е да има покачување на цените на црковните услуги, оти тие не се покачени 7 до 8 години, вели во изјава за Тера телевизија Владиката Петар.

Инаку според реакциите до Тера телевизија, за 50 денари поскап е овогодинешниот водосвет, а за 500 денари погребот.

„Граѓаните кои ги затекнавме таму зад камерата ни рекоа дека цените за црковните треби биле покачени уште за задушница кога се спеваа починатите. Тогаш граѓаните за ова платиле 200 денари, а претходно плаќале по 150 денари“, пишува Тера телевизија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни