Македонија

Забраната за извоз на пченица, брашно и масло продолжена до 15-ти април

Владата доцна вечерва својата одлука за забрана за извоз на пченица, пченка, брашно, сончогледово масло, сончоглед и јачмен ја продолжи за до 15-ти април.

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 април 2022 година.

„Целта на оваа мерка е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните. Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност“, велат од Владата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни