Македонија

Сончево и потопло – температурите до 23 степени

Сончево и потопло. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени. Во Скопје, сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени. До сабота ќе преовладува сончево и потопло време. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон понеделник повремени локални врнежи од дожд.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни