Четворица загинати во руски напад врз медицински центар во Харков, соопшти полицијата
Четворица цивили загинаа, а неколку други се ранети откако руските напади погодија медицински центар во Харков, соопшти локалната полиција, пренесува Би-Би-Си.
Харков е вториот по големина град во Украина и се наоѓа во близина на руската граница на исток.
„Утринава, по бомбардирање на цивилна инфраструктура од неколку ракетни фрлачи, седум цивили се повредени, четворица од нив загинаа“, соопшти полицијата.
Тие рекоа дека нападите биле насочени кон медицински центар во областа Основјански во градот.
Руските сили неуспешно се обидуваат да го опколат Харков, а аналитичарите велат дека им недостига муниција.
Дописникот на Би-Би-Си Квентин Сомервил вели дека украинскиот отпор во градот ги фрустрирал Русите, кои се свртеле кон артилериски напади, уништувајќи цели населби.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни